Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Бесплатна телефонска линија за повреда на избирачкото право, за претстојните избори

Од 7 до 9 часот, сите 7 канцеларии на Народниот Правобранител, меѓу кои и во Струмица, ќе бидат отворени во недела на 21-ви април, на денот на првиот круг од претседателските избори во државава, како и предвремените изборите за градоначалник во некои општини, меѓу кои и општина Ново Село, за граѓаните да можат да пријават повреда на избирачкото право.

Граѓаните на Струмица освен лично во канцеларијата на Народниот Правобранител, можат и да се јават на бесплатната телефонска линија 034/329-996.

Правата на граѓаните, Народниот Правобранител ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции, кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.