Денес, Олга Стојчева од струмичкото село Коњарево, се одвезе од Скопје до Коњарево, со своето ново возило „Џип Компас“ добиен на инстант лоз од Лотарија на Р.М.
Олга е осма добитничка на атрактивната премија Џип Компас. Таа со своето семејство при прошетката низ Струмица, го посетила промотивно продажниот пулт на Државна лотарија, купила два лоза „Биди Вип, вози Џип“ и му дала на својот 10-годишен син да ги изгребе купените лозови. На еден од лозовите се појавиле три симболи на возило.
Олга Стојчева е редовен учесник во игрите на среќа, како што вели, речиси секој ден си ја пробува среќата. До сега имала помали добивки, до 1000 денари, иако очекувала дека ќе добие некоја од премиите, или барем поголема добивка.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.