Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Тешко повредени учесниците во синоќешната сообраќајка кај Ново Село

По тешкатаа сообраќајна несреќа, која се случила синоќа (19.04.2019-та година) во 20:10 часот на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“, со тешки телесни повреди се здобиле учесниците во истата.

Судирот бил помеѓу трактор „ИМТ 539“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.З.(40) од Ново Село, патничко возило „Форд Фокус“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од М.К.(55) од село Секирник, патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т.(50) од Струмица и патничко возило „Фолксваген Шаран“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.И.Р.(50) од Петрич, Република Бугарија.

Возачот на тракторот, по укажаната лекарска помош со амбулантно возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.