Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Учениците од СОУ „Јане Сандански“ во еко акција ја чистеа месноста „Двата пата“

Триесетина ученици од СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, вчера беа на Еленица каде ја чистеа од отпад месноста „Двата Пата“.

Училиште со ова се приклучи на „Еко Фронт – Чиста да ни е“, масовна кампања во организација на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, која опфаќа грижа за чиста животна средина.

Учениците, предводени од професорот Атанас Цикарски, насобраа триесетина вреќи отпад.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски го поздрави чинот на учениците. „Им благодарам за нивниот придонес во заштитата на животната средина и истовремено упатувам апел до сите граѓани за масовно вклучување во оваа акција“ – напиша Јаневски на својата Фејсбук страница.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.