Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Објавен конкурсот за упис во државните средни училишта: во Струмица вкупно 1.292 отворени места

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за прием на ученици во државните средни училишта за учебната 2019/2020 година.

Во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица во прва година ќе се запишат 374 ученици во 11 паралелки и тоа: Гимназиско образование 238 во 7 паралелки и Економско-правна и трговска струка 136 ученици во 4 паралелки.

Во СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица во прва година ќе се запишат 374 ученици во 11 паралелки и тоа: Земјоделско-ветеринарна струка 170 ученици 5 паралелки, Хемиско-технолошка струка 102 ученици во 3 паралелки и Здравствена струка 102 ученика во 3 паралелки.

Во СОУ „Никола Карев“ – Струмица во прва година ќе се запишат 544 ученици во 16 паралелки и тоа: Машинска струка 136 ученици во 4 паралелки, Текстилно-кожарска струка 68 ученици во 2 паралелки, Електротехничка струка 170 ученици во 5 паралелки, Сообраќајна струка 68 ученици во 2 паралелки, Шумарско-дрвопреработувачка струка 34 ученици во 1 паралелка и Градежно-геодетска струка 68 ученици во 2 паралелки.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.