Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Учениците од Моноспитово и Бориево со хуманитарна акција за деца без родители

Денеска (22.04.2019 година) заврши хуманитарната акција во ООУ „Борис Трајковски“ – Моноспитово, при што беа донирани 96 хуманитарни пакети на Хуманитарното Здружение „Хуманост“. Во акцијата учествуваа ученици од Моноспитово и Бориево.

Акцијата за собирање на пакетите за деца без родители траеше една недела од 15-19 април 2019 година, по повод Велигденските празници и учениците ја покажаа својата хуманост со донирање на облека и прехранбени продукти.

Пакетите за ќе се донираат на 25.04.2019-та година. Оваа хуманитарна и општествено-корисна работа беше поттикната од ученичката заедница на училиштето.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.