Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Учениците од СОУ „Јане Сандански“ успешни на регионални и државни натпревари

  • Витанова учествуваше под менторство на професорката Боркица Филева.
  • И двете работеа под менторство на професорката Борка Дончева.
  • Сите ученици се пласираа на државните натпревари.

Бојана Витанова ученичка во III-3 во СОУ„Јане Сандански“ – Струмица, со 95 поени го освои првото место на регионалниот натпревар по Македонски јазик и литература, кој се одржа на 6-ти април во Радовиш. Витанова учествуваше под менторство на професорката Боркица Филева.

Освен овој натпревар, периодов се одржа и регионалниот натпревар по Граѓанско образование, каде првото место го освои ученичката Јулија Ризова од IV-10, а учество зеде и ученичката Ангела Јованова, која се вброи меѓу првите десет. И двете работеа под менторство на професорката Борка Дончева.

Ученичката Рената Пеева од II година пак се натпреваруваше по предметот Социологија и се пласираше на третото место, под менторство на професорот Ѓорги Трајков, а ученичката Верица Апостолова од II-5 го доби четвртото место, под менторство на професорката Борка Дончева.

Сите ученици се пласираа на државните натпревари.

На јубилејниот 55-ти Државен натпревар на младите истражувачи „Наука на млади“ во организација на СЗТКМ кој се одржа на 13-ти април во Куманово, ученикот Мартин Стојков од III-2, под менторство на професорката Снежана Илиевска-Поповска, освои бронзен медал во областа на органската хемија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.