Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ – Струмица денес го одбележува Светскиот ден на книгата

Денес, 23. април, во Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица, со почеток во 12 часот ќе се одржи приредба за одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право.

За таа цел, пред присутните, најпрво ќе се обрати директорката на библиотеката Тања Гошева.

На Светскиот ден на книгата и авторското право традиционално се упатува порака од УНЕСКО, но и од сите земји кои го одбележуваат овој ден.

Годинава македонската порака ја напиша режисерот Милчо Манчевски, која, заедно со пораката од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, ќе биде прочитана од Гонца Запрова Атанасова.

Гостите ќе можат да го проследат и обраќањето на Наташа Цоневска Лазаревска, професор по македонски јазик, на тема – компарација на работата во градска и училишна библиотека.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.