Во понеделник на 29.04.2019-та година ќе се одржи натпревар во влечење трупец со коњ. Се работи за дрвен трупец со дијаметар од околу 1,5 метри и должина од 6 метри. Победник ќе биде коњот кој ќе помине најголемо растојание влечејќи го трупецот.
Натпреварот ќе започне во 09 часот со стартна позиција кај големото фудбалско игралиште во Василево.
Најуспешните натпреварувачи ќе добијат парични награди.
Покровител на натпреварот е општина Василево.
За сите дополнителни информации заинтересираните може да се обратат кај организаторот на телефонскиот број: 070 763 022
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.