Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Џамбо Агушев номиниран за наградата „Европејци на годината“

Делегацијата на ЕУ во Македонија го номинираше Џамбо Агушев за наградата „Европејци на годината“.

Изборот годинава се одржува по прв пат, а номинирани ќе бидат пет кандидати кои оставаат печат со својата работа и за кои сметаме дека се одлика на Европските вредности.

За номинацијата на Агушев, Делегацијата на ЕУ во Македонија в предвид ја зеле долгата и значајна музичка традиција во семејството Агушеви, и тоа што Џамбо како крал на трубата е музички амбасадор на државата во светот.

Неговиот оркестар, како што стои во објавата на номинацијата, виртуозно изведува музика која се дефинира како фузија на традиционалната музика од Балканот со примеси на свинг, џез, поп и филмска музика.

Гласањето започнува утре на 27. април 2019.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.