Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ – Василево организираа велигденски базар со хуманитарен карактер, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
На присутните, меѓу кои беше и градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев, им понудија велигденски јајца, слатки изненадувања и свои изработки инспирирани од празникот, а подготвени со помош на наставниците и родителите.
Иста ваква хуманитарна акција – Велигденски сладок панаѓур, организираа и основците од подрачното училиште во Ангелци.
Средствата собрани во овие две велигденски активности ќе бидат донирани како помош на лице на кои му се неопходни.


Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.