Работната единица од одделението „Градско Зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, изврши бојадисување на дрвата со вар, за заштита од штетници по целата должина на Булеварот „Ленинова“.
Оваа активност ќе ги опфати сите дрвореди на јавните површини на територијата на општина Струмица.
Белите стебла добро ги одразуваат сончевите зраци, што помага да се заштитат дрвјата од прегревање и напукнување на кората. Овој процес уништува огромен број на инсекти и габи кои живеат и ја инфицираат кората и го спречува развојот на разни болести на стеблата.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.