Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Ругање со Христос“ на Јани Бојаџи премиерно во Швајцарија

  • Претходно филмот ќе биде прикажан и на 30-ти април во Охрид, во Центарот за култура „Григор Прличев“.
  • Главни улоги во филмот се: Љупчо Тодоровски, Јоана Пилиху, Јоана Поповска и Мето Јовановски.
  • „Ругање со Христос“ е филм за потребата да се дефинираме кои сме и што сме.

Филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи премиерно ќе биде прикажан во Швајцарија („Se moquer du Christ“) и тоа во Женева на 02-ри мај и Ешален на 05-ти мај.

Претходно филмот ќе биде прикажан и на 30-ти април во Охрид, во Центарот за култура „Григор Прличев“.

„Ругање со Христос“ во Струмица премиерно беше прикажан на 06-ти декември 2018-та година, во Центарот за култура „Антон Панов“. Главни улоги во филмот се: Љупчо Тодоровски, Јоана Пилиху, Јоана Поповска и Мето Јовановски.

Филмот прикажува луѓе кои се во потрага на својот идентитет и стравот од она што може да се открие во таа потрага. „Ругање со Христос“ е филм за потребата да се дефинираме кои сме и што сме.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.