Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Продолжен рокот за аплицирање за проектот „Управување со сливот на река Струмица“

Југоисточниот плански регион соопшти дека се продолжува рокот за аплицирање по огласот за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки, во рамките на прокетот „Управување со сливот на река Струмица“.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 20-ти мај 2019-та година.

Само за потсетување, вредноста на секој грант ќе биде до 300.000 денари, кои се наменети за набавка на опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки. Повеќе информации за проектот на следниот линк.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.