Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Василево обезбеди средства за реализација на неколку инфраструктурни проекти

Општина Василево преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, обезбеди средства од програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2019-та година, за реализација на проекти во областа на инфраструктурата.

Во текот на оваа година ќе бидат реализирани неколку проекти:

1. Изградба на локален пат Чанаклија – Нова Маала во должина од 1.700 метри во вредност од 17.593.575 денари за мерка 323;

2. Реконструкција и ревитализација на локален пат Ново Владевци – Сушево во должина од 1.878 метри во вредност од 15.648.191 денари за мерка 321;

3. Реконструкција на улица во Василево од пошта до црква во должина од 216 метри во вредност од 5.038.958 денари за мерка 322.

Од општината информираат дека сите овие проекти се одобрени за реализација, која треба да започне по изборниот процес.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.