И во населеното место Муртино беше спроведена акција за чистење благодарение на „Еко фронт – Чиста да ни е“ која што општина Струмица веќе некое време ја спроведува со ЈПКД „Комуналец“.
Во Муртино и неговата околина беше извршено чистење на каналите и рачно и машинско метење и миење на улиците. Во акцијата беа ангажирани околу 40 работници и специјална механизација за ваков вид чистење.
Од општината велат дека продолжуваат понатаму со акцијата и апелираат за поголема вклученост на сите граѓани во истата и да го дадат својот придонес за почиста животна средина.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.