Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Акцијата „Еко Фронт-Чиста да ни е“ и во населеното место Баница

Продолжува пролетната акција во склоп на проект – кампањата „Еко Фронт – Чиста да ни е“ во организација на општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ за генерално чистење на населените места.

Во кампањата беа опфатени дивите депонии на локалниот пат кон населените места Баница и Водоча, a вчера, на терен излегоа екипи од работната единица „Комунална хигиена“ и беше извршено генерално чистење во населено место Баница.

Акцијата се одвиваше рачно и механички, со специјална механизација за ваков вид чистење.

Од „Комуналец“ повторно упатуваат апел до граѓаните да земат учество на било каков начин во кампањата „Еко фронт – Чиста да ни е“, па заеднички да се даде еден нов белег во чистотата и културата на живеење во општина Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.