Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Струмица одбележа 116 години од смртта на Гоце Делчев

Пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот, Општина Струмица денеска ја одбележа 116-годишнината од неговата смрт. Покрај споменикот, пред насобраната маса од луѓе се обрати и градоначалникот Јаневски.

„Загина Гоце Делчев, загина апостолот на македонското револуционерно движење“. Беше тоа веста која ги растрепери сите македонски души, која ги расплака сите македонски срца. Беше тоа веста која одекна како гром од ведро небо, вест која никој не сакаше да ја прими како вистинита, а беше повистинита од самата верба дека Делчев е бесмртен јунак. Се случи тоа на денешен ден пред 116 години. Се случи тоа на 4. мај 1903 година во селото Баница, Серско. Во спомен на тој злокобен ден, а во чест на најголемиот македонски син, еве сме повторно собрани на струмичкиот плоштад кој го носи името „Гоце Делчев“, меѓу другото истакна градоначалникот Коста Јаневски.

Градоначалникот Јаневски одржа говор пред споменикот на Гоце Делчев, на 116-годишнината од смртта на револуционерот.

Во чест на Делчев, членови на рецитаторската секција од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија, а беше положено и цвежо цвеќе пред неговиот споменик.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.