На 28.05.2019-та година (вторник) во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, со почеток од 20 часот, ќе се одигра претставата „Вардарски пастуви“ на театар „Комедија“, во режија на Синиша Евтимов.
„Вардарски пастуви“ е скопска урбана приказна за маалска група другари кои живеат „на маргините“ и на кои најголема љубов им е ФК „Вардар“. Во недостиг на финансиска моќ, при една средба, еден од нив наидува на оглас за работа: „Се бараат млади, згодни и убави…за машки стриптиз“.
Влезницата за претставата чини 150 денари.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.