Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Златни и сребрени медали за учениците од „Димитар Влахов“ на меѓународниот натпревар по англиски јазик

Вкупно 47 ученици од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица се закитија со 55 златни и 94 сребрени медали, во сите категории, на меѓународниот натпревар по англиски јазик „World Schoolar’s Cup“.

Натпреварот се одржа на 24-ти и 25-ти април, а учениците се натпреваруваа под менторство на наставниците: Ивана Ѓоргева, Сања Бонева-Мучева, Зорица Паликарова и Македонка Босиљанова, во сите категории.

Четиринаесет тима се квалификуваа за учество во Global Round во Холандија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.