Нови 95 контејнери за смет, во вредност од 26.000 евра, обезбедија општина Василево и ЈПКД „Турија“, благодарение на средствата од грантот обезбеден од Европските фондови преку УНДП Проектот „Подобрување на општинското владеење“. Тие треба да бидат поставени во наредните неколку дена, низ населените места од оваа општина.
Станува збор за големи контејнери со зафатнина од 1,1 м3 кои главно ќе бидат лоцирани во непосредна близина на јавните објекти, претпријатија и установи, каде што има поголема фреквенција на население а не се покриени со соодветни садови за собирање на отпад.
Целта е да се зголеми капацитетот на ЈПКД „Турија“ со тоа што преку поставување на контејнерите кои се со поголем волумен ќе создаде услови за собирање на смет на јавните површини, односно, со надеж дека отпадот ќе завршува таму каде што треба, а не на дивите депонии и просторот околу нас – изјави градоначалникот Марјан Јанев.
Јанев информираше и дека тековно заедно со УНДП, општината реализира уште два проекти од областа на заштитата на животната средина, и тоа изградба на систем за фекална канализација и Пречистителна станица во с.Едрениково, чиј вкупен буџет изнесува нешто повеќе од 400.000 евра.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.