Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Никола Андонов и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Ново Село

Победникот од изборите од 5-ти мај, Никола Андонов и официјално ја презеде функцијата – градоначалник на општина Ново Село.

Пред присутните на примопредавањето на функцијата Андонов изјави дека ќе биде градоначалник на сите жители на општината, а неговата администрација ќе се заложи за решавање на приотитетните прблеми на новоселчани.

Како и што ветуваше во предизборната кампања, акцентот на неговото управување со општината ќе паднe на изградба на канализација во Ново Село, како и обезбедување на чиста вода за пиење во повеќето населени места во општината.

Андонов функцијата ја презеде од досегашниот В.Д. градоначалник Горан Цветков, кој на функција дојде како избор на Советот на Општина Ново Село.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.