Училишниот хор и бендот при СОУ „Јане Сандански“ викендов учествуваа на државни натпревари од каде се вратија со освоени први места.
Хорот на натпреварот по хорско пеење освои 94 поени од стручната жири комисија. Тој се претстави со песните „Ave Maria“ од Arcadelt и „Yesterday“ од Beatles во аранжман на Драган Шуплевски. Хорот брои 33 ученици и работи под менторство и диригентство на професорката Анита Станковска.
На натпреварот за оркестри и бендови пак, бендот на нашето училиште се претстави со песните „Mad about you“ од Hooverphonic и „О Јано, Јано“. Тие од жирито добија 98 поени за својата инструментална изведба.
Училишниот бенд работи под менторство на професорот Денис Кирчанов, а настапи во состав на нашите ученици Васил Бунгурџиев, Даниел Наков и Филип Костов.
Извор и фото: СОУ „Јане Сандански“







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.