Неколку домашни ликовни уметници: Ване Костуранов, Драган-Драш Китановски, Марјан Димиќ, Филип Конески и Блаже Атанасков ги разубавија бетонските ѕидови на пречистителната станица во Струмица, сликајќи мурали кои им дадоа нов лик, како дел од проектот „Уметност и вода – Магија на животот“ на Здружението за третман на води, финансиран од ЕУ.
Вештите раце на ликовните уметници упатија силни пораки за глобални акции преку муралите, кои претставуваат значајни приказни за значењето на водата.
На настанот присуствуваа и учениците од основните училишта од општина Струмица, кои преку нивните ликовни дела покажаа која е одговорноста на луѓето кон водите и значењето на водата како еден од основните природни ресурси.
Свое обраќање на настанот имаше и првиот човек на општината – Коста Јаневски, а присутен беше и евроамбасадорот Самуел Жбогар.










Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.