Вкупно 98 пријави од областа на уличното осветлување пријавиле граѓаните на Струмица, во општинскиот сервис „Систем 48“. Тие континуирано ги користат услугите на овој сервис, за пријавување на комунални проблеми.
Во месеците март и април биле пријавени вкупно 179, од кои решени се 141 проблем, а останатите 38 се во процес на решавање, бидејќи за нив е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.
Освен проблеми со уличното осветлување, струмичани доставиле 32 пријави од областа собирање на смет, водовод и канализација 31, паркови и зеленило 13 и општински инспекциски служби 5.
Целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.