Учениците од ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица, постигнаа значајни резултати на државни натпревари од повеќе области, кои се одржаа во Скопје и Куманово.
На државниот натпревар по математика учениците Трајче Манчевски од VIII одделение со менторот Весна Пецева освои втора награда и Јагода Панова од VII одделение со менторот Елица Буралиева освои трета награда, како и право на учество на јуниорска македонска математичка олимпијада. Ученикот Иван Пеев од VI одделение со менторот Марија Панова доби пофалница.
На државниот натпревар по физика Трајче Манчевски од VIII одделение со менторот Трајче Милков освои прва награда и Никола Станишлевиќ од VIII одделение со менторот Трајче Милков доби пофалница. На државниот натпревар по информатика – програмирање Јагода Панова од VII одделение под менторство на наставничката Гордана Манчева освои трета награда.
Оркестарот предводен од наставничата по музичко образование Милена Ристовска и оваа година ја освои првата награда.
Во областа на спортот под менторство на Верица Аљокова-Накова, ученичката Марија Германлиева во атлетската дисциплина на 300 метри го освои првото место, а во дисциплината на 60 метри го освои второто место. Теа Зетова во дисциплината на 300 метри го освои четвртото место. На државниот турнир во футсал за основни училишта – машки, под менторство на Васко Ѓорѓовски, екипата на ООУ „Никола Вапцаров“ го освои третото место.









Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.