Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Самостојна изложба на уметникот Ниче Василев во Струмица

На 23.05.2019-та година (четврток) со почеток од 19:30 часот во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица ќе биде поставена самостојна изложба на уметникот со струмичко потекло – Ниче Василев.

Василев во текот на неговата дејност има добиено многу награди и признанија за неговите уметнички дела. Досега има реализирано над 29 индивидуални изложби, почнувајќи од 1977-та година. Излагал во Мадрид, Варшава, Скопје, Крањ, Штип, Софија, Битола, Струмица, Полска, Анкара, Велес, Гевгелија. Учествувал и на повеќе од 15 заеднички изложби.

Тој станал член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во 1980-та година.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.