Деновиве заврши санацијата на армирано бетонски потпорни ѕидови на улиците „Стив Наумов“ и „Бетовенова“, односно, крак кон турските гробишта. Истовремено, беше извршено и уредување на дворот на реконструираната детска градинка во населеното место Куклиш со бетонирање на пристапните патеки и бетонирање на платформа за поставување на трибина на фудбалското игралиште со вештачка трева.
Од општина Струмица ги информираат граѓаните дека со завршувањето на тендерските постапки за избор на изведувач, отстранувањето на проблемите кои што ги имаа производителите на асфалт и со подобрувањето на временските услови, деновиве започна санацијата на ударните дупки.
Во планираните градежни активности во следниот период се асфалтирање на улици во градот и населените места, поплочување тротоари и тампонирање на локални патишта.
Градежните зафати во општина Струмица се одвиваат согласно планираната динамика за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште, а усогласена со потребите на граѓаните.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.