Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Веб платформа на ученик од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица доби прва награда на CodeUp во Битола

Митко Ников – ученик во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, го освои првото место на средношколскиот натпревар за програмирање CodeUp, кој се одржа во Битола. На натпреварот, Ников работел под менторство на професорката Славица Милева-Ефтимова, со својот проект – веб платформата „SchoolNet“.

„SchoolNet“ претставува социјална мрежа, преку која се овозможува хостирање на едукативни онлајн игри во вистинско време и истата е наменета за користење во училишната настава. Се базира на најновите технологии со почитување на синтаксичките стандарди на Google и е со отворен извор на код, што значи дека, секој може да го модифицира и надоградува.

Ников на платформата работел околу 3 месеци. На натпреварот се натпреварувал со околу 30-тина други учесници.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.