На 22.05.2019-та година во 10 часот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо Експерт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(36) од село Иловица и патничко возило „Фолксваген Голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.К.(20) од село Муртино.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „Голф“, П.Џ. (50) од село Хамзали, струмичко, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.
Се работи на расчистување на случајот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.