Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во недела алармен караван против рудникот Иловица-Штука

На 26.05.2019-та година (недела) од 15 часот, во организација на „Здрава Котлина“, „Младите на Штука-Иловица против рудникот“ и „Еко Долина“ ќе се одржи протестен, моторизиран алармен караван против рудникот Иловица-Штука.

Караванот ќе се движи по улиците на Струмица и населените места и ќе се состои од автомобили и мотори кои ќе поминат приближно 60 км по определена патека движејќи се во колона со намалена брзина на движење.

Ова е предупредувачки протест и показна вежба што евентуално би можела да се трансформира во целосна децентрализирана блокада на цел Југоисток во блиска иднина, доколку владата не ги уважи законите и јасно изразената волја на граѓаните за стопирање и одземање на истечената концесија за рудникот Иловица-Штука – велат организаторите.

Тие апелират до Владата и премиерот Заев да постапат по законите и да го спречат ова зло.

Маршрута на движење е следна: Струмица (Агрокор – десно кон кружен тек кај силоси – десно кон кружен тек пред Добрејци-ул. Ленинова – Центар – десно под плоштад – лево на раскрсница кај училиште Сандо Масев – лево кон кружен тек кај Бурчо – лево кон бул. Маршал Тито – десно кон ул. Балканска – лево на раскрсница пред Техничкото училиште – Транзитен пат – лево кон Силоси – десно кон – Дабиље – Робово – Муртино – Моноспитово – Бориево – Турново – Секирник – Зубово – Ново Село – Сушица – Секирник – Турново – Штука – Иловица – Турново – Босилово – Дабиље – Агрокор.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.