Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Розов караван во Струмица: Кампања за рано откривање на рак на дојка

  • Настанот е во организација на Здружението за борба против ракот „Борка“ и Министерството за здравство.
  • Во земјава секојдневно се појавуваат 3 до 4 нови случаи на заболени од рак на дојка.
  • Модератор на настанот е Кети Филчева, Координаторка на „Борка“ од Струмица.

Денес (27.05.2019-та година, понеделник) со почеток од 17 часот, во Дом на АРМ – Струмица, ќе се одржи Кампања за подигање на свеста за ракот на дојка во Македонија. Настанот е во организација на Здружението за борба против ракот „Борка“ и Министерството за здравство.

Целта на оваа кампања е активно да се учествува во создавањето на здрава популација, свесна за ризиците и предизвиците, држава со значително намален број на заболени од рак и секако, држава со значително зголемен број на излечени од рак, како и информирање, едуцирање и превенција. Во земјава секојдневно се појавуваат 3 до 4 нови случаи на заболени од рак на дојка. Доколку се открие ракот на дојка во ран стадиум, може успешно да се излекува.

На настанот ќе присуствуваат:  др. Венко Филипче – Министер за здравство; др. Коста Јаневски – градоначалник на општина Струмица; Г-ѓа Биба Додева – Претседател на здружението за борба против рак „Борка“ – за секој нов ден, Скопје; др. Нино Васев – Специјалист oнколог, директор на Универзитетска Клиника за Радиотерапија и Онкологија, Скопје; др. Мери Пешевска – Специјалист онколог, Универзитетска Клиника за Радиотерапија и Онкологија, Скопје. Модератор на настанот е Кети Филчева, Координаторка на „Борка“ од Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.