Вработените и учениците во СОУ „Никола Карев“ – Струмица денес започнаа со активности за чистење и поставување нова урбана опрема во дворот во училиштето. Инспирирани од акцијата „Еко фронт-Чиста да ни е“, тие го прифатија герила проектот „Еко предизвик“ кој ќе се реализира во дворот на училиштето.
Околу 20-тина ученици започнаа со собирање на отпадот заедно со директорот Драго Јанков, со цел за подигање на свеста и еколошката култура кај своите соученици поентирајки дека „За да имаме чиста и здрава животна средина најпрво би требало да започнеме од сопствениот двор”.
Оваа активност ќе трае до петок каде заедно со екипи од ЈПКД „Комуналец“ ќе се финализира генералното чистење на училишниот двор.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.