Деновиве во населеното место Едрениково се врши чистење на каналот, односно речното корито кое минува по должина на целото населено место, за да се спречи излевање на атмосферските води при обилни врнежи од дожд.
Исто така се врши и тампонирање на сите локални улици во истото населено место, за да се олесни пристапот на граѓаните до своите домови се со цел да се подобри квалитетот на живеење, после изведба на фекалната канализациона мрежа.
Изградбата на канализационата мрежа е инвестиција вредна 10 милиони денари, за чија реализација беа обезбедени средства преку УНДП од страна на швајцарската влада – информираше градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.