Здружението за заштита на животни „Animal Lovers“ обвинија за нови труења на кучиња во Струмица и тоа на повеќе локации во градот.
„Од 4 часот наутро се пронјдени 2 кучиња (од сликите) кои веќе беа мртви од расфрлениот отров низ плоштадот на општина Струмица.
Вознемирени граѓани ги имат објавено сликите на социјалните мрежи.
Утрово има уште 10-тина отруени кучиња отруени во паркот, плоштадот, околу училиштето Сандо Масев, ветеринарите добиваат повици за масовното труење и не можат да одговорат на сите.
Дел од кучињата се и домашни миленици.“ изјавија од здружението.
„Анимал Лаврс“ упати и апел до граѓаните доколку забележат лице кое може да остава отров на улиците, веднаш да го пријават во МВР, затоа што поставување отров е казниво дело.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.