32-годишно лице е првиот пациент позитивен на новиот коронавирус на територијата на општина Струмица.
Од она што засега е познато е дека лицето се заразило преку локална трансмисија, но непознато е како.
Според Институтот за јавно здравје, лицето се чувствува добро и е ставено во самоизолација, под медицински надзор.
По направените епидемиолошки анализи дополнителни седум лица од Струмица, кои се сметаат за најризични, се ставени во самоизолација.
Од центарот за Јавно здравје во Струмица велат дека простор за паника нема, но апелираат граѓаните да не се опуштаат и да ги следат препораките на Министерството за здравство.
Претходните две лица кои се водат за оздравени од Струмица се лица од општина Босилово и Ново Село.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.