Градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски, оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија во Македонија – Ангел Ангелов, на која беше разговарано за интензитетот на спроведувањето на проектот „Повеќенаменски социјален центар на општина Струмица“.
Со овој проект се реконструира еден објект од поранешната касарна во кој се уредуваат седум простории наменети за Здруженијата кои работат со ранливите категории граѓани. Проектот е финансиран од Владата на Република Бугарија.
Јаневски и Ангелов разговараа и за проширување на соработката во повеќе области, посебно во искористувањето на средствата од европските фондови наменети за проекти за прекугранична соработка.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.