Работни единици од одделенијата „Чистота“ и „Градско Зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, во склоп на заедничката акција со општина Струмица „Еко Фронт“ а вклучувајки ги директно и учениците и наставниот кадар, продолжија со активности за генерално чистење на училишните дворови.
Се чистеа дворовите на ООУ „Маршал Тито“ и СОУ „Никола Карев“. Задоволни од интересот за вклучување во кампањата „Еко Фронт – Чиста да ни е“, од ЈПКД „Комуналец“ и општина Струмица го поздравуваат несебичниот придонес на граѓаните за подигање на општата еколошка свест.
Акцијата продолжува и следната работна недела.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.