Околу 100 млади од Струмица, организираа волонтерска акција за уредување на дворот на СОУ „Јане Сандански“, со поддршка од општина Струмица и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Во акцијата учествуваа ученици од средните училишта „Јане Сандански“ и „Никола Карев“ од Струмица, а присуствуваa и градоначалникот Коста Јаневски, в.д. амбасадорот на САД во Македонија – Микаела Швајзер-Блум и Марк Вајнандт од Defense Attaché Office при Амбасадата на САД во Македонија, како претставник на Европската команда на САД.
Тие го исчистија отпадот во дворот, ги уредија зелените површини и поставија жардинерии, ги заменија оштетените даски на клупите со нови и ги бојадисаа бетонските конструкции во дворот. Оваа акција е финален продукт од долготрајниот процес за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во соработка со Младински образовен форум.
Градоначалникот Јаневски се заблагодари за соработката, ги потенцираше позитивните ефекти, кои што истовремено се и голем мотив за нејзино продолжување.
Амбасадорката рече дека реновирањата кои што се финансирани од Европската команда на САД, се реализираат поради напорите на училиштата за да го зголемат разбирањето и пријателството меѓу учениците од различни етнички групи. Истакна дека се горди што работеле со локалните власти и со заедниците во реновирањето на 12 училишта оваа година.
Оваа учебна година, Општина како дел од оваа соработка во „Јане Сандански“ беше поставена термо фасада на северозападниот дел на училишната зграда, додека пак во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица – меѓукатна конструкција (плоча) на катот на училишната зграда и беше заменет постоечкиот под во дел од училниците.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.