Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Општина Василево потпиша договор за добивање на универзален ровокопач

  • Договорот од страна на министерството го потпиша министерот за финансии - Драган Тевдовски.
  • Трите општини рамноправно ќе го користат ровокопачот.
  • Вкупниот износ на Програмата изнесува 20,667 милиони евра, од кои 15,5 милиони се обезбедени од ЕУ.

На свечена церемонија во Битола, градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев потпиша Договор за добивање на универзален ровокопач (скип), во партнерство со општините Босилово и Ново Село, набавено во рамките на ИПА Програмата за подобрување на општинските услуги при Министерството за финансии.

Договорот од страна на министерството го потпиша министерот за финансии – Драган Тевдовски.

Трите општини рамноправно ќе го користат ровокопачот.

Јанев истакна дека овој ровокопач е од голема важност за овие три општини, за одржување на патиштата, особено полските, како и за чистење на каналите, а општините веќе имаат и план за рамноправно и максимално негово искористување.

Вкупниот износ на Програмата изнесува 20,667 милиони евра, од кои 15,5 милиони се обезбедени од ЕУ.

Се очекува ровокопачот да биде донесен во Василево наредната недела, кога ќе биде и официјално ставен во функција.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.