Под мотото: „Здрава средина – здрав живот“ во ООУ „Маршал Тито“ – Муртино, денеска беше одбележан Светскиот ден на животната средина – 5 јуни. Настанот се одржа под менторство на наставничката Викторија Атанасова – координатор за екологија, заедно со учениците.
Атанасова истакна дека целта на овој настан е да се подигне свеста за се поголемото загадување на животната средина, како тема која што во последно време е многу актуелна. Најголем и единствен виновник за еколошките катастрофи е човекот. Сe во природата, вклучувајќи го и човекот е во меѓусебна зависност и поврзаност, додаде наставничката Атанасова.
Учениците порачаа дека патот кон враќањето на природната рамнотежа е долг и тежок, затоа што бара менување на секојдневните навики на луѓето. Човекот мора да запре, да се промени, да тргне во друга насока, да го смени сопствениот живот, начинот на мислење и дејствување. Заради тоа мора да се делува на будење на свеста кај луѓето уште од најмала возраст за намалување на загадувањето и заштита на животната средина.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.