Денес околу 17 часот голем пожар ја зафати административната зграда на бугарскиот Граничен премин Златарево, кај Струмица.
Пожарот бил предизвикан од електричната табла поставена на првиот спрат од зградата.
На местото се испратени две противпожарни возила до 7 пожарникари. Во пожарот е причинета значителна материјална штета, но нема настрадани лица.
Преминот на возила преку овој граничен премин е суспендиран на 24 часа, а возилата од Македонија се пренасочуваат кон другите гранични пунктови.
Фото: btvnovninite.bg
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.