Денеска се одбележуваат 85 години од раѓањето на Видое Подгорец – најплодниот македонски литерат на сите времиња, не само во земјава туку и многу пошироко во светски рамки.
За таа цел, во црквата „Св.15 Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица се одржа научен собир на тема „Книжевната оставнина на Видое Подгорец – влог во издигнувањето на современата македонска литература во национален и меѓународен контекст“, а во рамките на 18-те „Средби под јаворите – Видое Подгорец“.
Учесниците на овој научен собир ги поздрави градоначалникот, Коста Јаневски кој рече дека Манифестацијата „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ во текот на овие 18 години веќе ја достигна својата зрелост и не само што се потврдува од година во година, туку таа е во постојан растеж, од самиот нејзин зародиш па се до ден денешен. Таа веќе втора година добива и струмичка димензија, па со поддршка на општина Струмица манифестацијата добива нова, современа и проширена физиономија, вредна за почит. Тоа бездруго го заслужува Видое Подгорец и неговата грандиозна книжевна оставштина.
Подгорец е автор на голем број литературни дела и тоа: стотина стихозбирки, раскази и романи, лектири за деца, меѓу кои и најпознатата „Белото Циганче“. Неговите дела се преведени на повеќе од 10 јазици. Освен лектири пишувал и дела за млади, како и лирика и романи за возрасни.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.