Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Јаневски најави почеток на нова градежна офанзива низ цела општина Струмица

  • Планирано е и асфалтирање на три улици во населеното место Куклиш и други населени места.
  • Почнува и  тампонирањето на полските патишта.
  • Одобрена е и значајна сума за реновирање на училиштето во населеното место Добрејци.

Од населеното место Добрејци, градоначалникот Коста Јаневски, најави почеток на нова градежна офанзива низ целата општина. Веќе се работи на неколку локации, кои беа посетени од негова страна, а за кои рече дека поголем дел од инвестициите се реализираат со средства од општинскиот буџет.

Во моментов се изведува долгоочекувано асфалтирање со втор слој на дел од улица во Добрејци, каде се планирани уште две други улици кои што ќе бидат тампонирани и асфалтирани со прв слој, реконструкција на еден дел од игралиштето во основното училиште кој што е руиниран и тампонирање на улицата до гробиштата.

Планирано е и асфалтирање на три улици во населеното место Куклиш и други населени места. Се работи и во градот, во тек е реконструкција на тротоари на улицата „Ѓуро Салај“, потоа и на тротоарите на улицата „Климент Охридски“ и на еден дел од улицата „Младинска“, а планирано е и асфалтирање со втор слој на делницата од семафорите пред трговскиот центар „Глобал“ до улицата „24-ти Октомври“ кој е руиниран, асфалтирање околу популарно наречениот кружен тек „Бурчо“ и исто така  асфалтирање со втор слој и реновирање на улицата „Бетовенова“ во Турското маало, каде што е започната подготовката и изведбата на еден подолг потпорен ѕид кој што заради конфигурацијата на самиот терен е посложен за изведба.

Во индустриските зони, се работи на пробивање и тампонирање на улицата број 1 во урбан блок 9 кај популарно наречената Агроберза, во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и со Министерството за земјоделство. Почнува и  тампонирањето на полските патишта.

Јаневски додава дека денеска треба да се потпишат и договорите со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и рурален развој за три значајни проекти и тоа:  канализационен систем во Вељуса, шеталиште и улица во Градско Балдовци и отворање на патеките до третиот водопад во Габрово со реновирање и уредување на постоечката туристичка патека и нејзино продолжување до третиот и највисок водопад.

Одобрена е и значајна сума за реновирање на училиштето во населеното место Добрејци.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.