Денес, во Владата на Република Северна Македонија, се одржа свечен настан на кој во присуство на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, а на кој што потпишав решенија за реализација на проекти од Програмата за рурален развој.
Со тоа се обезбедени финансиски средства за реализација на три проекти во општина Струмица: изградба на канализационен систем во населеното место Вељуса, шеталиште и улица во населеното место Градско Балдовци и реновирање и продолжување на туристичката патека до третиот, највисок водопад во населеното место Габрово.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.