Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Со полумаратонот „Струмица на улица“ започна осмото издание на „Струмица Опен Фест“

  • Со синоќешниот полумаратон „Струмица на улица“ започна 8-то издание на „Струмица Опен Фест 2019“.
  • Фестивалот е во организација на Здружението Културно-забавен живот и ќе се одржува на 13 локации на отворено.
  • Годинашната понуда опфаќа околу 30 изведувачи – домашни и странски и музика за сечиј вкус.

Со синоќешниот полумаратон „Струмица на улица“ започна 8-то издание на „Струмица Опен Фест 2019“. Поголем број учесници од различни возрасти и од повеќе земји трчаа на 5, 10 и 21 километар.

За победниците беше обезбеден награден фонд во висина од 27.500 денари, од кои: 9.000 денари за прво место, 7.000 за второ и 5.000 за трето место, во повеќе категории.

Фестивалот е во организација на Здружението Културно-забавен живот и ќе се одржува на 13 локации на отворено. Општина Струмица обезбеди средства во висина од 3 милиони денари како поддршка на фестивалот, но и со цел за поквалитетен фестивал, со попознати музички имиња.

Годинашната понуда опфаќа околу 30 изведувачи – домашни и странски и музика за сечиј вкус. Како дел од програмата ќе бидат и многуте спортско-рекреативни активности и настани од натпреварувачки каактер.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.