На 12-ти јуни 2019-та година (среда), во библиотеката „Благој Јанков-Мучето“ во Струмица, со почеток од 11:30 часот, ќе биде поставена изложба на Верче Андонова од Кочани.
Верче Андонова работи со т.н „арапска техника“ која ја научила уште како дете, додека била штитеник на Домот за деца без родители во Скопје.
Нејзината изложба е дел од проектот „Книга до инвалидизирани, неподвижни и изнемоштени лица“ на библиотеката „Гоце Делчев“ од Штип, поддржан од Министерството за култура, а се реализира во соработка со ЦПЛИП „Порака“. Целта на овој проект е да им овозможи на лицата со попреченост да творат и создаваат, но и за нивна интеграција и инклузија во општеството.
Андонова досега има реализирано неколку изложби во повеќе градови во земјава.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.