Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Се запали главната трафостаница на ЕВН во близина на Сушица, пожарот предизвика огромна штета

  • Вчера се запали главната трафостаница на ЕВН во близина на населеното место Сушица.
  • Зимбаков замоли за разбирање додека да се санира штетата и се најде решение.
  • Пожарот се случил од засега непознати причини.

Вчера се запали главната трафостаница на ЕВН во близина на населеното место Сушица. Во гаснењето на пожарот учествуваа две противпожарни возила и 5 пожарникари од ТППЕ Струмица. По исклучувањето на електричниот напон од страна на екипи на ЕВН, пожарот успешно е локализиран и ликвидиран – информираат од пожарната.

Во врска со пожарот на својот фејсбук профил се огласи и градоначалникот на општина Босилово – Зоран Зимбаков, известувајќи ги жителите за настанатиот пожар и причинетата огромна штета, која доведе до прекин на електричната енергија и како последица на тоа, повеќе села од оваа општина останаа без струја. Зимбаков замоли за разбирање додека да се санира штетата и се најде решение.

Пожарот се случил од засега непознати причини.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.