Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

СОУ „Јане Сандански“ и ООУ „Борис Трајковски“ прво место на општинскиот натпревар по прва помош

Општинската организација на „Црвен крст“ – Струмица традиционално и оваа година организираше Општински натпревар по прва помош. Во натпреварот кој се одржа во Градскиот парк учествуваа вкупно 10 екипи во 2 категории, од кои 5 од подмладокот од основните училишта од регионот, а 5 во категорија младинци од средните училишта.

Младите учесници ги покажаа своите знаења и вештини во давање прва помош и справување во несреќни ситуации.

Во категоријата подмладок, првото место го освои екипата од ООУ „Борис Трајковски“ с.Моноспитово, а од средните училишта победник беше екипата од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.