Во тек се градежните работи во една од зградите на поранешната касарна, во која еден кат се подготвува за Повеќенаменски социјален центар со 7 простории, наменети за извршување на активностите на здруженијата на социјално ранливите групи, а вториот за останатите невладини организации од општината.
За реконструкцијата на оваа зграда учествуваше Владата на Република Бугарија со донација од околу 138 илјади евра, која што беше употребена за социјалните категории на граѓани од Струмица, реновирање на зградата, надворешно и внатрешно уредување на едниот дел од зградата, а останатите средства се комбинирани од Фондацијата Отворено општество Македонија и од општина Струмица.
Според градоначалникот Коста Јаневски, би требало да се најдат вистински критериуми и начини за тоа како ќе се користат овие простории за да може сите да бидат подеднакво застапени и да им се даде онаа важност кои што тие навистина ја имаат во општеството.
Според планираното, овој повеќенаменски центар ќе биде готов до крајот на септември оваа година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.